Ford инвестира 300 милиони долари во Романија

ОБЈАВЕНО НА:

Еден од најголемите американски производители, Ford Motor Company, не ги крие своите амбиции во секторот на комерцијални возила. Официјално објави дека во својата фабрика во Романија ќе инвестира 300 милиони долари или безмалку 250 милиони евра.

Овие средства ќе бидат инвестирани во нова технологија како и во новото комерцијално возило кое во производство ќе се појави во 2023 година. Истото, покрај со мотори со внатрешно согорување ќе биде достапно и во електрична верзија.

“Нашиот план за производство на ова ново комерцијално возила го одржува и нашето плодно и континуирно партнерство со локалните добавувачи и заедницатаа” изјави Стјуарт Роули, претседател на европската дивизија на Ford.

Роули додаде дека со воведувањето на целосно електрично возило, фабриката во Крајова ќе биде третата во Европа во која ќе се произведува електрични возила од брендот на Ford. Во моментов електрични возила се прозиведуваат уште во Келн (Германија) и Кочаели (Турција).

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK