Ford: Хибридизација на сите SUV модели

ОБЈАВЕНО НА:

Ford веќе ги објави плановите за хибридизацијата на своите модели. Откако од претходно беше познато дека хибридна изведба добиваат Escape, Explorer, Mustang и F-150, сега американскиот производител објави дека хибридна изведба ќе добијат сите SUV модели кои во следниот период ќе бидат лансирани.

Планот за хибридизација ќе започне во целост да се имплементира во наредните неколку години со што во 2021 година се очекува сите модели на Ford да бидат понудени и со хибридна изведба. За таа цел пред само неколку недели од Ford објавија дека тие ќе престанат да развиваат и нудат седан и мали градски возила на пазарот во САД и акцент ќе стават на SUV и товарните возила.

Покрај автомобилите на хибриден погон, Ford обелодени и дека до 2022 година ќе развие 40 електрични возила кои во продажба би влегле во наредните неколку години. За разлика од другите производители кои се фокусираат на ефикасност, Ford како што велат од таму ќе се фокусираат да со електрификацијата ќе се подобрат перформансите, способноста и практичноста на автомобилите. Особено ова важи за моделот F-150 кој ќе има и електричен генератор кој ќе може да се користи за напојување и на надворешни уреди.

Останува да видиме колку во пракса овој план ќе биде имплементиран и дали со ова Ford ќе се пробие на  врвот според производството и продажбата на електрични автомобили.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK