Ford GT на аукција продаден за 1,8 милиони долари

ОБЈАВЕНО НА:

За неверојатни 1,8 милиони долари продаден е GT моделот на Ford на засега непознат купувач. Овој Ford е само еден од 250 произведени примероци, а продадениот автомобил има поминато само 11 километри што меѓу другото е причина и за високата цена.

Сепак, овој Ford во салоните се продава за 450 илјади долари, па нејасно е како е достигната цената од 1.8 милиони долари.

Инаку овој модел е опремен со 3.5 литарски V6 мотор со седумстепен автоматски менувач. Располага со 647 КС, а до стотка развива за 3,3 секунди што го прави најмоќен модел на Ford. Автомобилот е лакиран во Ingot сребрена боја со црни линии преку каросеријата додека пак внатрешноста е опремена со Dark Energy пакетот на опрема.

Веднаш по објавената вест околу продажбата со соопштение излезе и Ford во кој наведуваат дека ќе отворат истрага бидејќи во купопродажниот договор при купување на Ford GT стои клаузула според која сопственикот нема право да го продаде овој автомобил во наредните две години.

Продадениот примерок е произведен кон крајот на 2017 година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK