Ford го укинува Focus – ќе биде „поамерикански“ во Европа

ОБЈАВЕНО НА:

Ford наскоро ќе престане да ги продава модлеите Focus и Fiesta во Европа, што ќе ја фокусира продажбата на американската марка главно на кросовери и пикапи што ги нуди. Во согласност со ова, компанијата најави дека во иднина ќе биде „поамериканска“ во Европа, заедно со понудата само на електрични модели по 2030 година.
Веста за ова доаѓа лично од маркетинг директорот на компанијата во Германија, кој ја објави веста преку Automobilwoche.

Заедно со тоа, компанијата го покажа и својот нов слоган „Авантуристички дух“. Заедно со ова доаѓаат и неколку рекламни слогани за моделите во Европа како што се „Wild Performance“ за Mustang, „Urban Escape“ за Puma и „Active Adventure“ за најголемиот Explorer. Ренџер пикапот го доби „Ultimate Outdoor“.

Заедно со електричната Puma, Ford до 2024 година ќе лансира уште најмалку два електрични кросовери, кои компанијата ги опишува како кросовери со средна големина и спортски. Во моментов е познато дека еден од нив ќе помине 500 километри со едно полнење.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK