ФИНАЛИСТ – Автомобил на годината во Македонија 2021: Peugeot 2008

ОБЈАВЕНО НА:

Во тек е он-лајн ( https://coty.mk/#vote ) гласање каде моделот што ќе освои најмногу гласови ќе има еден рамноправен глас при изборот. Со цел да можете да се запознаете подобро со финалистите и да гласате за вашиот фаворит обезбедивме рамноправно претставување на секое возило. Резултатите од гласањето на Жирито, финалистите и јавноста ќе биде познато на почетокот на март.

Националниот избор за „Автомобил на годината во Македонија“ годинава се одржува по 26. пат. Согласно условите за учество во Изборот, Националното жири, за 2021 година одбра осум возила кои влегуваат во финалето.

Во тек е он-лајн  ( https://coty.mk/#vote ) гласање каде моделот што ќе освои најмногу гласови ќе има еден рамноправен глас при изборот. Со цел да можете да се запознаете подобро со финалистите и да гласате за вашиот фаворит обезбедивме рамноправно претставување на секое возило. Резултатите од гласањето на Жирито, финалистите и јавноста ќе биде познато на почетокот на март.

Претставувањето на финалистите е по случаен избор. Онлајн гласањето трае до 28 февруари 2021 година до 23.59 часот.

Новиот Peugeot 2008 ја продолжува испешната приказна започната со претходната генерација што одлично беше прифатена на глобалниот пазар.

Сега изграден на платформата CMP што овозможува и имплементирање на електрични погонски системи така што францускиот компактен SUV во својата понуда има и бензински и дизел мотори како и електромотор.

Со должина 4.300 mm, широчина од 1.986 mm и височина од 1.549 mm, како и со растојание помеѓу оските  од 2.649 mm делува стамено и пространо. На тоа се надоврзува и практичноста на суб-компактниот француски SUV со корисен багажен простор со капацитет од 434 литри. Дизајнот го негува новиот стил на Peugeot со остри флуидни и робусни линии што ја потенцираа моќта на францускиот „лав“ воедно истакнувајќи ја и елеганцијата.

Атрактивните линии се прелеваат во исто толку привлечната внатрешност каде веднаш се воочува искуство зад управувачот со новиот PEUGEOT 3D i-Cockpit® со интуитивна ергономија, компактен управувач, 10” капцитативен HD екран на допир и конфигуративната 3D дигиталната контролна табла. Опремен со hands-free стартување како и заклучување/отклучување на вратите, се активира со клучот во џеб и со едноставно приближување или оддалечување од возилото. Можете да го прилагодите возењето со избирање на режим за возење.

Понудата на бензински 1.2 PureTech со три цилиндри и со моќност од 100, 130 и 155 КС, како и два 1,5 литарски, четирицилиндерски Blue HDi дизели со 100 и 130 КС. Сите се во комбинација со шест степен мануелен или 8 степен автоматски мемувач, На крајот, а можеби и најважен, тука е и електричниот е- 2008, со 136 КС и батерија со капацитет од 50 kWh. Со оптимизирање на автономијата на батеријата, која се одвива со помош на регенеративно сопирање, само со едно полнење се добива автономија од 310 km.

Од напливот на технологии ќе ги спомнеме Peugeot Drive Assist Plus, Stop and Go, напреден Grip Control, Hill Assist Descent Control, Active Safety Brake, Full Park Assist, 10 инчен 3D капацитативен екран со Tom Tom Traffic навигација … Tука е и премиум аудио Hi-Fi системот Focal за врвно аудио доживување.

Покрај впечатливиот дизајн, оплеменетоста со пакет од нови технологии создава впечаток на современ, стилски автомобил на кој цената му започнува од 17.880 евра.

________________________________________________________________________

Повеќе за Изборот, онлајн гласањето, критериумите и сите досегашни победници посетете ја страницата www.coty.mk

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK