Fiat со специјална верзија на 500X

ОБЈАВЕНО НА:

На 4 јули годинава Fiat ќе го открие најавеното изненадување за кое италијанските меидуми пишуваат дека се работи за специјална верзија на моделот 500X.

Доброупатените италијански медиуми пишуваат дека се работи за кабриолет верзија на овој модел која покрај со пет врати ќе биде достапна и со три врати.

Оваа верзија доаѓа седум години од премиерата на овој модел односно стартот на производството во Мелфи каде ќе се произведува и оваа специјална верзија. Ова беше дочекано со разочарување кај најголемите фанови на Fiat бидејќи се очекување Fiat да ја претстави новата генерација.

Она што во моментов е познато е тоа дека овој автомобил во производство ќе се појави ова лето, а ќе ги има истите мотори како и основната верзија. Тоа значи дека централно место ќе заземат трите бензински и двата дизелски мотори.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK