Fiat конечно со вистински SUV во понудата

ОБЈАВЕНО НА:

500X е единствениот кросовер во понудата на Fiat кој спаѓа во класата на субкомпактни кросовери или попознато како тн. кросовери. Сепак годинава Fiat ќе претстави вистинси SUV модел кој ќе се позиционира над 500X, пренесуваат италијанските медиуми.

Името на овој кросовер не е познато, но станува зборза кросовер кој ќе се базира на архитектурата на Fiat Toro, а дизајнот ќе биде инспириран од Fiat Argo. Основниот мотор ќе биде 1,3 литарскиот Firefly, а ќе се појави на пазарот во Латинска Америка.

Ќе се произведува во фабриката во Бетим, а засега не е јасно дали токму овој модел ќе се појави во Европа или во Европа ќе следи целосно нов SUV модел кој ќе се базира на Fiat Tipo.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK