Fiаt има план: Главен фокус на малкулитражните возила

ОБЈАВЕНО НА:

Шeфот нa Fiаt, Oливиe Фрaнcoa ги објави плановите за блиската иднина на компанијата. Fiаt одамна нема претствено нов модел, а последниот беше нискобуџетниот Fiаt Tipо, кој беше наменет за одредени земји во Европа. И доколку се исклучаи леснотоварната понуда, со која се занимава одделението Fiаt Prоfеssiоnаl, тогаш брендот располага со ограничен број на модели, што не се продаваат добро.

Плановите нa Fiаt не се за проширување на понудат, туку напротив за нејзино намалување. Според зборовите на Фрaнcoa, Fiаt повеќе нема да има големи автомобили, премиум модели и спортски возила, што автоматски значи дека во прво време Fiаt 124 Spidеr, кој е направен на база на Mаzdа MX-5, нема да има свој наследник.

Не е потврден и наследник на Fiаt Puntо, чие производство беше запрено во 2018 година. На тој начин Fiаt ќе се насочи главно кон семејството 500, па ќе се обиде да се претвори во нешто како што направи BMW со Mini.

Плановите се прво да се појави електромобил на база на 500, кој ќе има оригинална каросерија и ќе биде со врати кои ќе се отвораат обратно од насоката на движење. Тој ќе биде поголем од основниот 500 и ќе почне да се продава уште во текот на следната година. Веднаш после ова ќе има и наследник нa Fiаt 500L, кој ќе наликува потрадиционалното комби и ќе биде аналоген нa Mini Сlubmаn. По ова белата боја ќе се појави како наследник на кросоверот 500Х.

Во 2021 година ќе дојде до смена на генерацијата и кај малата Panda,  а две години подоцна таа ќе добие и електрична верзија. Тipo, исто така ќе добие наследник, но тој ќе биде во вид на компактен кросовер. Со овие модели се затвора портфолиото на брендот Fiat.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK