Франција дава 2.500 евра во кеш за замена на автомобил со електричен велосипед

ОБЈАВЕНО НА:

Франција и Шпанија се последните во низата европски земји кои се одлучија да воведат субвенции со цел да се подобри квалитетот на воздухот односно да се намали загаденоста која е голем проблем во бројни градови во Франција и Шпанија.

Интересен е концептот кој го усвои владата на Франција. Според истиот, сите сопственици на стари автомобили имаат можност да ги заменат своите автомобили за електрични велосипеди, а при тоа да добијат и до 2.500 евра во кеш. Со ова, Франција е првата земја во ЕУ па и пошироко која нуди можност за замена на старите автомобили за електрични велосипеди.

Владата во Мадрид пак, одвои 800 милиони евра за субвенционирање на купување електрични автомобили. Овој буџет ќе биде наменет за субвенционирање се до крајот на 2023 година. Според планот, секој жител на Шпанија што ќе купи електричен автомобил има можност да добие субвeнција до 7.000 евра, а оние кои ќе се одлучат да купат електрично комерцијално возило и до 9.000 евра.

Оваа програма за субвенционирање во Шпанија стартува уште овој месец.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK