Ferrari продале повеќе V8 мотори во првиот квартал годинава

ОБЈАВЕНО НА:

Италијанскиот производител на луксузни автомобили Ferrari ги објави бројките за првиот квартал годинава. Во првите три месеци ширум светот има испорачано 2.771 нов автомобил. Тоа претставува речиси идентичен скор како и првите три месеци минатата година кога беа продадени 2.738 автомобили.

Во официјалното соопштение на производителот се наведува дека продажбата на модели опремени со V8 мотори пораснала за 8,1% и тоа на сметка на оние со V12 чија продажба се намалила за 19,6%.

Во однос на финансискиот резултат, италијанскиот прозиводител оствари нето добивка од 206 милиони евра што претставува зголемување за 23%. Зголемен е и ЕБИТДА показателот кој сега изнесува 376 милиони евра што е за 19% спроедбено со 2020 година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK