Ferrari трие раце – заработува просечно по 86.369 евра од секое возило

ОБЈАВЕНО НА:

Ако годишно испорачува повеќе од 10.000 автомобили, и има просечно по 86.369 евра заработка, тогаш е лесно да се пресмета колку Ferrari заработил во 2019 година. Но, ланската година иако е надмината границата од 10.000 возила и се продадени 10.131 возило сепак заработката во 2018 била поголема – просечно се заработувало по возило 86.801 евро.

Речиси во сите региони каде што Ferrari продавал има пораст, заработката е зголемена за 10,1 отсто во однос на 2018 година.

Колку всушност е заработката на Ferrari од едно возило можете да видите ако се спореди дека за истата сума што ја добиваат Италијаните, во BMW мораат да продадат 30 возила, во Volkswagen – 56 возила, а во Mercedes дури67 возила. Ако се споредува со Ford тогаш разликата е 1:908, а со Nissan e 1:928 возила.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK