Ferrari и клиентите собраа 1 милион евра за борба против Covid-19

ОБЈАВЕНО НА:

Познатиот производител на луксузни спортски автомобили Ferrai објави дека во соработка со клиентите успеале да соберат 1 милион евра што ќе бидат искористени за да им помогне на лекарите во борбата против COVID-19.

Ferrari објавија дека сумата е собрана за неколку дена, а и самата компанија донирала соодветна сума на секоја донација на клиентите. Компанијата исто така објави дека програмата за прибирање финансиски средства ќе продолжи и во наредните недели.

Собраните средства веднаш се ставени на располагање на Модена, родното место на Енцо Ферари. Azienda Unita Sanitaria Locale, локална единица на Италијанската Национална здравствена служба ќе ги користи средствата за лекување на пациенти со „Ковид-19“, за купување медицински материјали и опрема .

Дел од собраните средства ќе бидат наменети за апликацијата Telemedicina, која им овозможува на здравствените работници да ја следат состојбата на граѓаните со потенцијални симптоми COVID-19 со помош на мобилен телефон или таблет.

Ferrari исто така донираше и целосно опремена амбуланта на AUSL во Модена што ќе се користи за брзата помош во бробата против COVID-19.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK