Ferrari го објави промотивното видео за SF90 Stradale

ОБЈАВЕНО НА:

На почетокот на овој месец, италијанскиот производител Ferrari го претстави својот прв хибриден модел – SF90 Stradale. Сега, на својот официјален YouTube канал гo претстави и првото промотивно видео за овој автомобил.

Во нешто повеќе од три минутното видео, Ferrari покрај екстериерот и ентериерот големо внимание посветува и на хибридната технологија вградена кај овој модел.

На самостоен електричен погон овој автомобил може да помине до 25 км, а она со што може да се пофали италијанскиот производител е најдобриот соодност помеѓу тежина и моќност која изнесува 3,5.

За потсетување, овој целосно хибриден автомобил продуцира моќност од 986 КС благодарение на V6 и V8 хибридниот мотор. Според откриените технички податоци, до 100 км/ч може да забрза за 2,5 секунди, а до 200 км/ч за само 6,7 секунди.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK