Фејслифтот на Jeep Compass доаѓа уште годинава

ОБЈАВЕНО НА:

Уште на почетокот на годинава од Jeep потврдија дека работат на редизајн на втората генерација на Jeep Compass. Иако нема официјална потврда, се погласни се шпекулациите дека истиот ќе биде претставен до крајот на годината.

Тоа најверојатно ќе се случи на саемот за автомобили во Гуангжу кој стартува на 22 ноември и ќе трае се до 1 декември.

За разлика од внатрешноста која ќе остане иста, надворешно, редизајниот Jeep Compass доаѓа со подновен преден и заден браник, нова метална маска кај ладилникот како и освежена палета на бои во понудата. Нема да има промена ниту во однос на понудата на мотори, а новитет е plug-in хибридната верзија.

Во продажба во првиот квартал следната година најпрво ќе дојде во Кина и САД, а потоа следи и лансирање во Европа.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK