FCA со бонуси за вработениte – во просек по 6.000 долари

ОБЈАВЕНО НА:

По примерот на Mercedes кој пред недела дена исплати бонуси до 4,800 евра на своите вработени во германските фабрики, и FCA објави дека на своите вработени во САД ќе им исплати бонуси.

Врз основа на финансиските перформанси забележани изминатата деловна година, околу 44 илјади вработени ќе добија бонус.

Вработените, во зависност од позицијата ќе добијат во просек по 6.000 долари. Тоа значи дека еден просечен работник од 2011 до оваа година на основа на бонуси има добиено 29 илјади американски долари.

И покрај овие бонуси дел од вработените не се задоволни пред се поради тоа што нивниот ривал General Motors на своите вработени им најави бонуси во просек од 10,750 долари. Истовремено, своето незадоволство го искажаа и дел од вработените во италијанските фабрики кои или не добија или паак добија многу помалку бонуси.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK