FCA попушти – нема отпуштања и ќе има нови инвестиции

ОБЈАВЕНО НА:

Американско-италијанскиот производител Fiat Chrysler Automobiles (FCA) потклекна пред барањата на работниците. Имено, работниците во некои од фабриките во САД најавија штрајк доколку не бидат исполнети нивните барања.

Тие се противеа на планот за намалување на бројот на работници и плановите за заштеда на финансии, но под притисок на крајот FCA отстапи и потпиша договор со UAW (United Auto Workers union).

Според овој договор, осигурани се сите 47.200 работни позиции во американската дивизија на FCA, а ќе бидат инвестирани и дополнителни 4,5 милијарди американски долари во нови фабрики, подобрување на условите, модернизација и бонуси за работниците.

Американските аналитичари сметаат дека со овој договор ќе се направи притисок и врз General Motors и Ford, па за очекување е да во наредниот период се појави и доза на незадоволство и кај работниците во овие две компании.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK