FCA ќе отпушта работници во Америка

ОБЈАВЕНО НА:

Fiat Chrysler Automobiles (FCA) ги следи чекорите на американските конкуренти Ford и General Motors и на северноамериканскиот пазар ќе го намали бројот на вработени.

Во прашање се 1.500 работни места кои ќе бидат укинати од фабриката во канадскиот град Виндзор, а одлуката за укинување на овие работни места стапува на сила во септемви оваа година.

Според планот за намалување на бројот на вработени, управата на фабриката ќе понуди пензија за сите оние работници кои ги исполнуваат условите. Исто така ќе се укине скратеното работно време на работниците кои одат во трета смена, а дел од нив ќе добијат шанса за трансформација на работниот однос во полно работно време додека останатите ќе мора да бараат нова работа.

Оваа фабрика се наоѓа во сојузната канадска држава Онтарио каде се наоѓаат уште неколку фабрики од автоиндустријата, а претходно General Motors најави дека ќе отпушти 2.500 работници до крајот на годината токму во фабрика која се наоѓа во оваа сојузна држава.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK