FCA ќе добие најголемиот заем – 6,3 милијарди евра од Владата на Италија

ОБЈАВЕНО НА:

Сагата поврзана со државната помош од Италија наменета за FCA влегува во завршна фаза, пренесуваат италијанските медиуми.

До крајот на месецот се очекува финализирање на договорот според кој Fiat-Chrysler Automobilies ќе добие заем од 6,3 милијарди евра со цел надминување на кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот.

Со ова Италија ќе биде земјата која ќе додели најмногу финансиски средства на компанија од автомобилскиот сектор. Токму и оваа одлука предизивка низа незадоволство кај дел од италијанската јавност која смета дека FCA не би требала да добие толку пари поради тоа што изминатите 10-тина години затоври низа фабрики во Италија, а во постоечките го намали и обемот на производство.

Покрај FCA, и другите европски прозиводители добија финансиска помош од националните влади, но истите се помали во однос на оваа на FCA.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK