FCA ги прекина преговорите за спојување со Renault

ОБЈАВЕНО НА:

Едвај десеттина дена траеше фамата околу можноста за спојување на Fiat Chrysler Automobilies и Groupe Renault.

Во официјално соопштение, FCA објави дека раководството предводено од Џон Елкан донело одлука за отстапување од претходно испратената понуда за спојување без да се наведе детално кои се причините.

Соопштението следуваше само неколку часа откако и францускиот производител испрати соопштение до јавноста во кое се вели дека раководството на компанијата одржал состанок без при тоа да донесе одлука за прифаќање или одбивање на понудата од FCA. Истоврмено во соопштението на Renault се наведува и дека раководството ќе закаже нов состанок на кои ќе се разгледа понудата.

Сега, сето тоа паѓа во вода, а останува нејасно какви намери всушност се криеа зад понудата на FCA за спојување.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK