FBI упаднало во канцелариите на Ducati

ОБЈАВЕНО НА:

Американското федерално истражно биро – FBI извршило претрес на канцелариите на американската дивизија на Ducati, пренесуваат американските медиуми.

Упадот се случил на 17 декември минатата година во седиштето во Калифорнија, а канцелариите ги “окупирале” 30 агенти на FBI, кажуваат очевидците.

Ти ги претресли сите канцеларии, а заплениле и бројна документација. Најголем дел од документацијата се однесувала на даночните активности на компанијата.

“Можам да ви потврдам дека FBI Сан Франциско беше на таа локација на 17 декември 220 година” изјави портпаролката на FBI, Катерин Цекел. При тоа таа не откри никакви други информации околу процесот наведувајќи дека засега податоците не се јавно класифицирани.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK