Фaрмeр ocтaви кoлeкциja 250 класици (ФОТО/ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Неверојатно огромна колекција од дури 250 класични автомобили, создавана со децении од американски фармер ќе биде понудена на наддавање од страна на аукциската куќа Vаndеrbrink.

Џејмс Греем од Витон во Минесота починал на 88 години без да остави наследници и затоа имотот ќе биде распродаден.

Oд Vаndеrbrink Аuсtiоns публикувале неколку видео клипови во кои може да се види дел од богатството на Греем.

Неколку од автомобилите се наоѓаат во складови, а другите се оставени на милост и немилост од природните услови фармата на колекционерот.

Омилениот автомобил на самиот Џејмс бил скромниот Ford од 1939 година со две врати, кој фармерот го претворил во кабриолет.

Со ова возило практично и ја почнал неговата колекција. Низ годините Греем успеал да собере над 500 олдтајмери, но не успеале сите да преживеат до денес.

Ако се суди според фотографиите и видео материјалот, многу од автомобилите се наоѓаат во лоша ситуација. Со оглед на тоа што биле чувани на отворено тие се рѓосани до одреден степен за да не можат да бидат обновени.

Сепак, при такво изобилство на класични автомобили со сигурност има неколку кои се достојни за реставрирање.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK