Фабриките на BMW ќе добиваат струја од измет од крави и кокошки

ОБЈАВЕНО НА:

Јужноафриканскиот огранок од компанијата BMW најде интересен начин за добивање на дополнителна енергија и тоа од биомаса чија основа ќе биде измет од крави и од кокошки. Целта е да се дојде до поголема моќ со помош на обновувачки извори на енергија.

Ова го потврди и шефот од одделот за набавка, Маркус Дјунман за време на конференцијата за климатски промени во ОН во Бон. Чекорот е продолжување на кампањата на производителот, кој до 2020 година треба да осигури електроенергија за сите делови на фирмата низ светот, која ќе биде добивана возобновувачки извори.

Ваквите најави значат дека автопроизводителот ќе ја откупи локалната чиста електроенергија за своите 31 производствени места во 14 различни држави. BMW веќе добива енергија од еколошки извори и тоа од генератори со помош на ветерници во Лајпциг за претпријатието во Спартанбург, додека во Јужна Каролина во САД се користи енергија добиена од метан.

Ова е смела најава од страна на BMW бидејќи ќе треба навистина добро да ги осигури со електроенергија своите претпријатија бидејќи тие употребуваат количество на енергија колку 220.000 дома.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK