Европските фабрики на Ford не работат барем до 4 мај

ОБЈАВЕНО НА:

Откако беше објавена информација за запирање на производството во поголемиот дел од европските фабрики, компанијата Ford соопшти дека работата нема да биде продолжена барем до 4 мај.

Оваа одлука се однесува на сите фабрики на стариот континент вклучувајќи ги и оние во Сарлуис и Келн (Германија), Валенсија (Шпанија), Крајова (Романија), како и Бриџенд и Дагенхам (Велика Британија).

Продолжението на производството во фабриките на Ford зависи од ситуацијата со коронавирус во текот на овој месец. Пандемијата која директно влијае на националните рестрикции во операциите досега поремети голем дел од плановите. Ford се обврза дека ќе ги почитува мерките на социјално дистанцирање и други здравствени и безбедносни протоколи, за да ја заштити својата работна сила.

„Важно е вработените да знаат колку актуелната ситуација веројатно ќе трае. Се надеваме дека ќе дојде до подобрување во следниот месец. Планираме продолжение на операциите, но и понатаму константно се информираме за условите и препораките на националните влади“, стои во соопштението од Ford.

Компанијата презеде активности во Европа за да може да помогне во борбата против коронавирусот и произведува медицинска опрема, нуди кревети и донира возила за клучни медицински услуги, доставување на храна и итен транспорт. Слична е ситуацијата и во Северна Америка каде што Ford ќе произведува респиратори во Росонвил во Мичиген од 20 април.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK