Европската комисија казни два производители на безбедносна опрема за автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

Казната за TRW изнесува 189 милиони евра, додека Autoliv мора да плати 179 милиони евра, соопшти Комисијата. Двете казни се намалени поради соработката на компанијата

Два производители на безбедносни појаси, воздушни перничиња и на волани, шведски Autoliv и американски TRW мора да платат вкупна парична казна во висина од 368 милиони евра, како дел од спогодбата во случај на прекршување на пазарната конкуренција, објави Европската комисија.

Казната за TRW изнесува 189 милиони евра, додека Autoliv мора да плати 179 милиони евра. Од 2007 до 2011 година, двете компании тајно соработувал како добавувачи на опрема за безбедност за германските производители на автомобили Volkswagen и BMW, чии автомобили сочинуваат околу 30 отсто од вкупниот број на продадени автомобили во Европа.

Оваа соработка, насочена кон зголемување на профитот, се одвиваla “преку средби во деловниte простории на добавувачите, но и во ресторани и хотели, како и преку телефонски повици и електронски пораки”, додаваат во Брисел.

Од Autoliv од Стокхолм, која работи во 67 земји, дополнително објавија дека мора да ја платат парична казна во рок од 90 дена. Тие, исто така, рекле дека со цел да ја платат казната резервирале 210 милиони долари во четвртиот квартал од минатата година, истакнувајќи дека вистинската вредност на казната изнесува 203 милиони долари.

Освен Autoliv и TRW, во координација учествувал и јапонска Takata, кои сепак избегале казна но беше предупредена од Комисијата за прекршување на пазарен натпревар. Во спротивно би требало да бидат казнети со околу 195 милиони евра, истакна Комисијата.

Објавување на спогодбата е најнова во серијата на казни на добавувачи на автомобилски делови од страна на Европската комисија, со вкупна вредност од 2,15 милијарди евра, почнувајќи од 2013 година. Во исто време, тоа е втората казна за Autolive и TRW.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK