Evia е името на електричниот автомобил на Lotus

ОБЈАВЕНО НА:

Уште поодамна во плановите на Lotus место зазема електричниот модел кој оваа година, поточно на 16 јули премиерно ќе биде претставен.

Иницијално објавен под кодното име Type 130, британскиот производител објавува дека името на овој моде ќе биде Evia.

Иако нема официјална потврда, подолго време се пишува дека овој електричен автомобил кој ќе биде прв таков во понудата на Lotus, ќе располага со два електромотори кои заедно ќе продуцираат 1000 КС, а при тоа благодарение на батеријата ќе има автономија од најмалку 400 километри.

Производството започнува кон крајот на годината, а ќе се спроведува исклучиво во Велика Британија. При тоа ќе бидат произведени само 130 примероци.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK