Еве како е да се уништи Koenigsegg CCXR од 1,4 милиони долари

ОБЈАВЕНО НА:

Треба да сте вистински среќник за да го купите Koenigsegg CCXR. Причината за тоа е што истиот чини над 1 милион долари, но и доколку ги имате тие пари потребно ви е среќа особено ако се знае дека се произведени само неколку примероци.

Сепак доволно е само еден несреќен момент и овој автомобил од супер луксузен да прерасне во едно обично железо спремно за отпад.

Ваква судбина доживеал еден мексикански милионер кој откако го купил овој автомобил на старо од еден арапски шеик, го возел низ улиците на Мексико Сити неколку месеци.

Локалната полиција наведува дека главната причина за несреќата е неприлагодената брзина без при тоа да се открие со колкава брзина возел низ градските улици.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK