ЕУ бара нови ознаки за гумите – ќе мора да покажуваат важна информација!

ОБЈАВЕНО НА:

Советот на Европската унија донесе одлука за проширување на ознаките на гумите кои ги користиме на автомобилите и другите возила.

На сите нови гуми кои се продаваат во Европската унија сега е потребна и ознака за отпорот на триење односно влијанието на потрошувачката на горивото, разно ниво на бучава односно кочење на влажен автопат. Бучавата е означена во децибели, а другите два параметри можно е да се дознаат со помош на оценки од А до Ф.

Европското тело сега оди понатаму и најавува и информации за триењето на снег и мраз, а во блиска иднина на информативната налепцница че мора да бидат и податоци за трошење на гумите односно километражата која може да се помине откако ќе стане неупотреблива.

Овие одлуки мора да ги потврди Европскиот парламент, но тука нема да има поголеми промени.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK