Елон Маск сака Tesla Roadster да лета (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Извршниот директор на Tesla, Елон Маск вели дека сака да го научи моделот Tesla Roadster да… летa! Не, не е шега! Поточно сака автомобилот да лета на ниска височина (1,0–1,8 м) за релативно кратко време движејќи се совршено напред. Оваа функција, доколку инженерите успеат да ја завршат нарачката од шефот, ќе биде бонус кон претходно најавениот пакет наречен SpaceX, именуван по компанијата сестра на Tesla.

Според замислата новиот пакет треба дас е подобри надолжната и странична динамика на автомобилот со употреба на мали ракетни мотори со копримиран гас, лоцирани по периметарот на роудстерот. Сепак, Маск мисли да постави такви и оддолу.

Тој верува дека доколку се воведе ограничување на висината на летот од редоследот од 1,8 метри тогаш системот ќе биде безбеден. Дури и доколку ракетните мотори одеднаш престанат да работат, автомобилот ќе падне, што најмногу може да направи штета на суспензијта, но патниците нема да бидат повредени.

Компаниајта го претстави прототипот на новиот електричен роудстер уште во 2017 година, планирајќи да го пушти автомобилот во движење во 2020 година. Работите се забавија, но се покажа дека вистинскиот развој на сериската верзија сега штотуку почнува, а не завршува. Инаку, Маск го одложи лансирањето на моделот за 2022 година.

Меѓудругото, основната верзија на новиот електричен автомобил треба да биде со четири седишта. При користењето на пакетот SpaceX, задниот ред на седиштатa е изваден, а местото ќе биде заземано од цилиндар од јаглеродни влакна под висок притисок, од кој ќе се наполнуваат ракетните мотори.

Во задниот дел на автомобилот, во стилот на агентот 007 ќе се активираат млазници што се појавуваат под регистрациската табличка која може да се повлече. Тие ќе помогнат автомобилот да се забрза, а слични млазници напред ќе го скратат патот за запирање.

Според Маск инженерските работи на новиот роудстер треба да завршат во текот на оваа година, а летечката верзија засега е само желба. До крајот на летото треба да стартуваат патните тестови на претсерискиот модел. Сериското производство треба да почне во 2022 година.

Еве и неколку прелиминарни податоци за новиот спортски автомобил – еден електричен мотор напред и два одзади. Километражата ќе биде 998 километри (393 километри за првата генерација на роудстерот, батеријата е 200 кВтч/кај претходникот 53 кВтч/, забрзување од нула до 60 м/ч/97 км/ч/ – 1,9 сек /првата генерација 3.7–3.9 сек/.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK