Електромобилите добро се продаваат, скокнаа над 80% во Европа

ОБЈАВЕНО НА:

Агенцијата JATO отчита пораст од над 80% на продажба на електромобилите до ниво од 135.500 примероци во текот на минатиот месец. Наспроти побарувачката на класични бензин и дизел автомобили, електрифицираните одбележуваат и сериозно зголемување во пазарниот удел од 6,6% во текот на февруари во 2019 година до 13% во јануари.

Од JATO информираат дека во февруари во 2020 година, целосно елетриктричните автомобили го подобруваат перформансот на пазарот за повеќе од двапати на основнитепазари во Германија и Франција, а во Норвешка, Шведска, Финска, Холандија и Унгарија формираат соодветно 75%, 33%, 31%, 22% и 17% од вкупниот автомобилски пазар.

На главните европски пазари меѓу кои од JATO ги позиционираат и Велика Британија (13%), електримобилите отчитуваат и пазарен удел од 14% во Франција, 11% во Германија, 10% во Шпанија и 8,6% во Италија.

Најпродаваниот целосно електричен автомобил во февруари во Европа е Renault ZOE со 6.391 продадени возила, на второто место е електричната верзија на Volkswagen Golf со 3.695 возила, а на трето е Tesla Model 3 со 3.481. ТОП 5 во групата е сочине уште од Peugeot 208 со 3.463 и Nissan LEAF со 2.416 примероци.

Најпродаваниот автомобил хибрид кој не се полни, во февраури во Европа е Toyota Corolla (10.484), а најпродаваниот plug-in хибрид е Mitsubishi Outlander (2.483).

Од JATO исто така велат дека во позадина на зголемената побарувачка на електрифицирани автомобили во февруари во Европа, СУВ автомобилите ја загубиле позицијата од 1,7% во споредба со истиот период во 2019 година, а вкупната реализацијае 415.300 примероци. Резултатот во групата од почетокот на годината е 865.500 примероци или со 1,4% помалку во споредба со истиот период минатата година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK