Електричното Peugeot 208 со едно полнење до 340 километри (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Електричната верзија на новото Peugeot 208 – e-208, ќе се појави на пазарот со можност за поминување на 340 километри со едно полнење и со амбиција да го симне од врвот најпродаваниот електромобил во Европа – Renault Zoe.

Peugeot веќе покажа како ќе изгледа втората генерација на 208, која ќе се појави на саемот во Женева во текот на следната недела, а е-208 ќе биде првиот масовен електричен модел на брендот кој ќе се појави на пазарот во текот на летото.

Електромобилот е изграден на верзија на новата платорма CMP, која исто така добива спцијална ознака– e-CMP, но поважно е тоа дека електичното 208 ќе се произведува на истата линија, на која се произведуваат бензинците и дизел верзиите на моделот.

Според Peugeot електричната верзија на платформата CMP дозволува батеријата да се „собере“ во задниот дел од подот, кој од своја страна означува дека обемот на баганикот на електромобилот не е помал од тој на другите варијанти на 208. И во двата случаи обемот е 220 литри.

Батеријата е со капацитет од 50 киловати, а електромоторот е со моќност од 136 коњски сили и е со погон на предните тркала. Може да помине 340 километри со едно полнење и по новите WLTP стандарди, но во реалноста ќе биде понизок.

Полнењето на батеријата во контакт со бит електричната мрежа ќе одземе над 20 часа, но со инсталирње на домашна станица за полнење времето се смалува на околу осум часа. При користење на станица за брзо полнење со моќност од 100 киловати, 80 проценти од батеријата ќе бидат наполнети за 30 минути.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK