Електричните го спасуваат пазарот: Кои се најпродаваните нови автомобили во Европа во август?

ОБЈАВЕНО НА:

Податоците покажуваат дека во текот на месецот биле реализирани вкупно 188.700 електрифицирани автомобили, што претставува зголемување од 121% во споредба со 2019 година и се споредува со рекордните за историјата 21,4% како удел во пазарот.

Последните податоци од агенцијата JATO Dynamics за европскиот пазар покажуваат дека побараувачката на нови автомобили во Европа е намалена за нови 18% во август, откако во јули беше забележан пад за само 4% на годишно ниво. Вкупниот резултат за минатиот месец бил 881.897 нови автомобили, што е најслабото постигнување за периодот од 2016 година наваму.

Од JATO Dynamics коментираат дека спас за европскиот автомобилски пазар во август биле електричните и електрифицираните автомобили. Податоците покажуваат дека во текот на месецот биле реализирани вкупно 188.700 електрифицирани автомобили, што претставува зголемување од 121% во споредба со 2019 година и се споредува со рекордните за историјата 21,4% како удел во пазарот.

Вкупно 49% од сите електрифицирани автомобили реализирани во Европа во август биле хибриди, а вкупната побараувачка се има зголемено за 86%. Пораст од 111% и 48.800 продажби запишуваат целосно електричните автомобили, а како главни играчи тука се: Renault (+112%), Hyundai (+107%), Volkswagen (+97%) и Kia (+397%), додека Tesla отчита пораст од едвај 11%. Зголемувањето на побарувачката на хибридни автомобили на полнење е за 283% од кои за периодот се реализирани 44.700 единици.

Најпродаваниот нов автомобил во Европа во август е Volkswagen Golf (22.386), а потоа се редат Renault Clio (16.399), Peugeot 208 (15.382), Opel Corsa (15.261), Skoda Octavia (15.122) и други.

Кај хибрите на полнење, највисоката позиција одново е за Ford Kuga (4.865), а во водечката тројка влегуваат Mercedes A-Class (3.435) и Volkswagen Passat (2.181).

Со минимална предност кај целосно електричните автомобили се: Tesla Model 3 (6.922), Renault Zoe (6.136) и Hyundai Kona (4.012).

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK