Електричниот VW Beach Buggy би можел да дебитира во Женева

ОБЈАВЕНО НА:

По претставувањето на плановите и концептите на електричните модели ID, ID Buzz, ID Crozz и ID Vizzion, германскиот производител Volkswagen е пред реализација на уште еден интересен електричен модел.

Станува збор за електричниот модел VW Beach Buggy кој според пишувањата на некои светски медиуми би можел премиерно да се претстави на саемот во Женева закажан за почетокот на следната година.

Овој модел би можел да се најде и во сериско производство, но оваа вест засега не е официјално потврдена. Она што се знае е дека се базира на MEB платформата и е со целосно отворена кабина.

Инаку овој модел на Volkswagen потекнува од 60-те години кога имаше голема популарност во САД. Реинкарнацијата на овој модел во меѓувреме е направена од неколку надворешни компании, но ниту едно од тие дела не беа потпишани од страна на германскиот производител.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK