Електричниот GMC HUMMER ќе има премиера на 20 октомври (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата GM објави кратко видео со помош на кое најави дека светската премиера на комплетно новиот 100 процентен електричен модел на одделот GMC- GMC HUMMER, ќе се одржи на 20 октомври.

Заедно со најавата од компанијата споделија и нов интересен детаљ за својот нов електромобил. Ќе биде опремен со систем за управување на задните тркала. Ова инженерско решение на брендот ветува исклучителна способност за  маневрирање за GMC HUMMER и особено при употребата на автомобилот во офроуд режим.

Производството на GMC HUMMER се очекува да почне следната есен, со единствени други детали во моментов за моделот дека неговиот модуларен таван ќе им понуди на потрошувачите можност да уживаат во отворен простор благодарение на конструкцијата, која дозволува отстранување на стаклените панели.

Електричниот GMC HUMMER ќе располага со моќност од 1000 коњски сили, показателите се монструозни, и можност за забрзување од 0 до 96 км/ч за 3 секунди.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK