Наскоро доаѓа електричен Hummer

ОБЈАВЕНО НА:

Се погласни се американските медиуми во однос на можноста General Motors во наредниот период да го лансира и својот прв електричен Hummer. Според најавите електричниот Hummer во понудата треба да дојде во текот на 2021 година откако претходно, следната година би се појавил и концептниот модел.

Според Ројтерс, овој Hummer би се продавал по цена од околу 90.000 американски долари, а ќе биде достапен само на американскиот пазар. Овој електричен теренец наводно се развива под кодот Project O, а во 2023 година би се појавил и друг модел од овој бренд.

За потсетување, во септември 2017 година Арнолд Шварценегер го претстави прототипот од електричниот Hummer H1 создаден од страна на Kreisel Electric, но досега не се преземени никакви активности околу комерцијализација на овој прототип.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK