Еколози ги тужат BMW и Mercedes

ОБЈАВЕНО НА:

Еколошката организација од Германија „Помош за животната средина (ДУХ)“ влегува во суд. Овој пат на линијата на огнот се големите производители на превозни средства BMW и Mercedes-Benz.

Проблемот за раздорот е во светската клима. Жалбите на еколозите се поднесени до компетентните регионални седишта во Минхен и Штутгарт.

Во тужбата еколозите ги повикуваат BMW и Mercedes да ги трасформираат своите компании на климатски начин особено со драстично намалување на емисијата на СО2 од нивните возила во согласност со задолжителните одредби од парискиот договор и германскиот Закон за заштита на климата.

Меѓу другото во тужбата стои дека организација инсистира на тоа BMW и Mercedes-Benz да запрат со продажбата на автомобили со мотори со внатрешно согорување кои се штетни за климата и тоа да се случи до 2030 година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK