Со копањето во длабочина на море би се извлекувале кобалт, бакар, никел и манган - клучни материјали што најчесто се користат за производство на батерии

Екологијата поважна од профитот: Автопроизводители поддржуваат забрана за експлоатација длабоко во морињата

ОБЈАВЕНО НА:

BMW,Volvo и други компании го поддржуваат повикот за привремена забрана за експлоатација на во длабоките мориња. Двата производители на автомобили го поддржуваат противењето на Светскиот фонд за диви животни (WWF) за барање материјали за батерии од морското дно.

BMW, Volvo, Google Samsung SDI се првите глобални компании што се пријавија кон повикот на Светскиот фонд за диви животни (WWF) за мораториум на експлоатација длабоко вo морето.

Како поддршка на повикот, компаниите се обврзуваат да не испорачуваат никакви минерали од морското дно, да ги исклучуваат овие минерали од нивните синџири за снабдување и да не финансираат активности за експлоатација на длабокото морско дно, соопшти WWF.

Со копањето во длабочина на море би се извлекувале кобалт, бакар, никел и манган – клучни материјали што најчесто се користат за производство на батерии – од делови со големина на компир кои го има на морското дно на длабочина од 4-6 километри и се особено во изобилство во зоната Кларион-Клипертон. во Северниот дел на Тихиот океан, огромна површина што се протега на милиони километри помеѓу Хаваи и Мексико.

Мораториумот бара забрана за активности за експлоатација длабоко на морско дно додека не се разберат целосно ризиците и не се исцрпат сите алтернативи.

Од BMW велат дека суровините од рударството во морето „не се опција“ за компанијата во моментов, бидејќи нема доволно научни наоди за да може да се проценат еколошките ризици.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK