Еднаквост: Жените во Саудиска Арабија почнаа да возат автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

На улиците во Саудиска Арабија веќе може да се видат и жени зад воланот. Со кралскиот указ беше отфрлена десетгодишната забрана за понежниот пол да може да управува со превозни средства, а новата одлука стапува на сила веднаш.

„Секоја жена сега има право да вози автомобил насекаде низ кралството“ се вели во изјавата на полковникот Сами бин Мохамад.

Жените нетрпеливи да го искористат новото право, седнаа зад воланот уште во првите минути после полноќ во саботата кон неделата.

„Конечно можам да ги посетам своите роднини, без притоа да го молам мојот сопруг да ме однесе“, вели 30-годишна жена, жител на Саудиска Арабија.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK