Единствениот автомобил кој во сериската опрема има правосмукалка

ОБЈАВЕНО НА:

Модерните автомобили во својата сериска опрема со секој нов ден имаат сè повеќе опрема, но само еден од нив има правосмукалка. Се работи за Honda Odyssey, големиот СУВ кој се продава во САД.

Со моделската година 2019 и високото ниво на према Touring и Elite, Odyssey има вградена правосмукалка, која се наоѓа во страничиот дел од багажникот.

Цевката на правосмукалката се извлекува 2,5 метри и наводно може да дојде до сите делови од кабината на автомобилот.

Правосмукалката може да работи до осум минути без движење на моторот, а доаѓа со две продолженија и има заменлив филтер и вреќичка. Може да работи дури и без вреќичка, а притоа содржината се исфрла надвор од автомобилот.

ГЛАСАЊЕТО Е ЗАВРШЕНО

АКО СЕГА БИ КУПИЛЕ АВТОМОБИЛ, ТОЈ БИ БИЛ СО?

дизелски мотор
55.67% | 393 од 706 ГЛАСА
бензински мотор
14.73% | 104 од 706 ГЛАСА
електричен
12.75% | 90 од 706 ГЛАСА
плаг-ин
10.76% | 76 од 706 ГЛАСА
хибрид
6.09% | 43 од 706 ГЛАСА

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK