Два дена бесплатно паркирање во Скопје

ОБЈАВЕНО НА:

Доколку деновиве останувате во Скопје, тогаш немојте да бидете загрижени околу вашето паркирање во деловите каде истото се наплаќа. Во недела и понеделеник во Скопје ќе биде бесплатно паркирањето.

Во недела е 2 август – државен празник, а на државен празник не се наплаќа паркирањето. Бидејќи празникот е во недела, неработен е истовремено и следниот ден – понеделник. Па и тој ќе биде ден без плаќање паркинг.

Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата ќе продолжи од вторник, 4 август 2020 година.

Ако случајно го заборавите возилото на место каде е задолжително плаќање за паркирањето, и пајак службата го подигне ќе си платите, ем казна, ем за пајак службата.

Еве ги цените за пајак службата
Градски паркинг

Но, во Скопје во општина центар со дел од паркиралиштата стапнисува Општината. Таму има друг ценовник..
Општина Центар – ПОЦ

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK