Дури 3 од 4 Американци не им веруваат на автономните возила

ОБЈАВЕНО НА:

И покрај значителниот напредок на полето и технологијата на автономни возила, американците се уште се скептични и немаат доверба во истите, покажува истражувањето на PAVE (Partners for Automated Vehicle Education).

Оваа асоцијација спроведе истражување во кое беа опфатени 1.200 лица низ САД, а резултатите се идентични како и на истражувањето спроведено на почетокот на минатата година.

Дури 3 од 4 лица одговориле дека оваа технологија се уште не е подготвена за употреба додека 48% од испитаниците одговориле дека никогаш не би користеле такси услуги од компании со возила без возачи. Дополнително само 34% од испитаниците веруваат во предностите на автономните возила.

Сепак охрабрува одговорот на 60% од американците кои сметаат дека би можеле да ја дадат довербата на автономните возила доколку подобро се запознаат со технологијата и начинот на кој функционираат.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK