Дошле да рибарат – им пропаднале 30 автомобили (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Кога паркираш на небезбедно место секогаш можеш да соочиш со можен проблем. Така 30-тина автомобили пропаднаа во заливот Војевода во близина на Владивосток откако попуштил ледот на кои биле паркирани.

Автомобилите се во сопственост на рибарите кои дошле да ловат риба, но за нивно непријатно изненадување ледот почнал да попуштал поради што автомобилите пропаднале во вода.

“Околу 30 автомобили делумно пропаднаа во заливот Војевода, дел до кров, дел до хауба, а некои само со тркалата. Некои од рибарите успеаја веќе самите да ги извадат своите авотмобили, а на другите им помагаат спасителите” изјави очевидец за Спутник.

Од локалната полиција наведуваат дека причината за овој настан е непочитувањето на правилата за паркирање на лед.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK