Досадно им е во карантин: Полицијата уапси и казни 44 лица за нелегални улични трки

ОБЈАВЕНО НА:

Откако многу земји прогласија вонредна состојба, а од страв од коронавирусот се испразнија улиците, многу земји регистрираа пораст на уличните трки.

Овој пораст пред се е забележан во Северна Америка односн САД и Канада каде беа објавени неколку случаи на реакција на полицијата. Последниот случај доаѓа од Атланта, САД, каде тамошната полиција казни 44 лица за учество и организирање на нелегални трки.

“Овие трки се опасност и за возачите и за пешаците” изјави портпаролот на локалната полиција. Тој додаде дека 40 од казнетите 44 лица се уапсени, а покрај обвинение за организирање и учество на нелегални трки, некои добија и дополнителни обвиненија откако кај нив била пронајдена марихуана.