Domino’s започна испорака на пици со автономни возила

ОБЈАВЕНО НА:

Последните иновации во автомобилската индустрија имаат големо влијание и во останатите. Така, самовозачките возила полека, но сигурно ќе ги испратат во историја луѓето доставувачи на храна.

Првиот чекор во оваа насока го направи најголемиот ланец на пицерии во САД, и најголем во светот, Domino’s Pizza. Оваа мултинационална компанија започна со пилот-програма за достава на пица со автономни возила.

Испораката се спроведува со помош на автономното возило R2 развиено од страна на технолошката компанија Nuro. Испораката се одвива само од неколку ресторани, а доколку тест периодот се покаже како успешен ќе се започне и со масовно користење на овој начин на испорака.

Dominos’s не е единствената компанија во САД која започна со испорака со помош на автономни возила. Уште во 2018 година Kroger започна со испорака во неколку градови во Аризона и Тексас. Вакво нешто најави и гигантот Walmart.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK