Доказ дека и кинеските автомобили се безбедни – Lynk & Co 01 и NIO ES8 со 5 ѕвезди на краш тестот (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Кинеските производители се движат кон совршенство со големи чекори. Она што пред многу години беше мета за потсмев, денес е вистински пример. Не само дизајнот, голем напредок има и во поглед на безбедноста, а вистински доказ за тоа се последните краш тестови спроведени од страна на Euro NCAP.

На тестирање на безбедноста и сигурноста се најдоа два кинески автомобили кои освоија максимални, 5 од 5 ѕвезди.

Малиот оф-роуд модел Lynk & Co 01 освои 96% скор во однос на безбедноста на возрасните што го прави меѓу најдобрите автомобили во поглед на овој параметар. Во поглед на безбедноста на децдата, овој автомобил освои скор од 87%, а позитивно изненадување е безбедносната асистенција каде совои високи 81%. Во однос на безбедноста на пешаците, овој автомобил освои скор од 71%.

Електричнио NIO ES8 освои помал скор во однос на безбедноста на возрасните и тоа 82%, но затоа освои повеќе од одлични 92% во однос на безбедносната асистенција на возачот. Во однос на останатите два параметри, освои 84% за безбеднос на децата и 72% во однос на пешаците.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK