Дојдете на гости во „Парк“ и наполнете ги батериите бесплатно

ОБЈАВЕНО НА:

Како дел од САМИТ 100 за Бизнис лидери од Југоисточна Европа, во Скопје беше промовиран првиот електричен полнач во македонски хотел. Истиот е поставен пред хотел „Парк“ во Скопје и има капацитет од 22 Kw.

Полначот прва го пушти во употреба, со приклучување на електрично возило Еврокомеасарот за транспорт Виолета Булц. Засега полнењето на електричните возила за гостите на хотелот „Парк“ ќе биде бесплатно, па дури и за оние што тука ќе се најдат а ќе имаат потреба од надополнување на батериите.

Во зависност од капацитетот на батериите целосното полнењето на батериите на возилото може да трае и неколку часови. За почеток има само еден полнач, со можност истовремено да се приклучат две возила. Силата на полначот е 22 KW.

Македонија ќе биде дел од „зелен коридор“ со полначи за електрични возила на патиштата. Едисон проектот предвидува електрификација на патиштата во целиот регион, односно поставување на полначи за електромобили, подобра патна и транспортна инфраструктура. За истито се зборуваше на САМИТ100 за Бизнис лидери од Југоисточна Европа.

„Идејата на овој проект е да се создаде зелен коридор од Љубљана до Скопје, од Белград до Тирана и Приштина, во должина од 1.400 километри. Едисон ќе биде европски проект, бидејќи ќе биде презентиран пред европските тела во април следната година“, изјави Изток Селјак, главен извршен директор на Хидриа и член на бордот на САМИТ 100.

Фото: Орце Поповски

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK