Додека се зборува за електрификација: Лани 95,8 отсто од новите камиони биле ДИЗЕЛ

ОБЈАВЕНО НА:

Најновите бројки на Европската асоцијација на производители на автомобили (ACEA) покажуваат дека минатата година, 95,8% од новорегистрираните нови средни и тешки камиони биле опремени со дизел мотор. Моделите со мотори со алтернативно гориво учествуваа со 3,6% од пазарот, а електрифицираните (хибриди, PHEV на полнење и целосно електрични) беа само 0,5% во споредба со 0,4% во 2020 година.

ACEA коментира дека побарувачката за нови дизел камиони се зголемила за 13,6% минатата година, при што вкупната продажба достигнала 255.099 единици. Новите регистрации се зголемени за 21,9% во Италија, за 7,17% во Шпанија, за 4,9% во Франција и 4,8% во Германија.

Во Полска, трет по големина пазар за дизел камиони во Европа, забележан е пораст од 56,4% до годишен резултат од 30.827 единици.

Регистрациите на нови камиони на бензин се намалија за 9,5% во 2021 година на само 190 единици.

Новите регистрации на електрифицирани камиони на полнење се зголемија за 26,6% минатата година и достигнаа ниво од 1243 единици. Побарувачката за овој тип машини се зголеми за 137,5% во Шпанија, 88,5% во Франција и 15,8% во Германија.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK