Добијте Duster VAN за само 1.730 евра

ОБЈАВЕНО НА:

Поседувате Dacia Duster меѓутоа потребен ви е екстра простор за транспорт? Ако е така тогаш немате потреба од дополнителни инвестиции во ново возило бидејќи романскиот производител нуди неверојатна услуга – трансформација на вашиот Duster во VAN изведба за неверојатни 1.730 евра (без данок и транспортни трошоци).

Oваа трансформација наречена Duster Fiskal веќе се нуди во неколку европски земји, а за оваа симболична цена добивате екстра поголем простор за товарање и тоа од 1.604 литри. Надворешните димензии остануваат идентични, а во понудата Duster Fiskal е достапен со мотори од 89, 108, 113 и 123 КС.

Duster Fiskal ја збогатува VAN понудата на Dacia и како таков им се приклучува на Sandero и Logan кој веќе подолго време се нудат на пазарот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK