Доби наредба: Daimler мора да повлече 690.000 дизел автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

Еден од најголемите производители на автомобили Daimler ќе мора да повлече 690 илјади автомобили од цела Европа со цел да го надогради софтверот.

Ова произлегува откако германските власти утврдија софтвер со кои се манипулира при тестовите за мерење на штетните емисии на гасови. По неколку месечната истрага, во понеделникот, германското министерство за сообраќај ја објави бројката од 690 илјади дизел автомобили ширум Европа кои германскиот производител ќе мора да ги повлече и при тоа да го надогради софтверот.

Околу 280 илјади од наведените дизел автомобили се наоѓаат во Германија, а овие автомобили ќе мора веднаш да бидат повлечени. Ова го потенцираше и министерот за сообраќај на Германија, Андреас Шојер кој оваа одлука му ја пренел лично на извршниот директор на Daimler, Дитер Цече.

Инаку ова е втора слична вест поврзана со овој германски период во последните 10 дена. Претходно властите во Швајцарија ја забранија продажбата на моделот Vito токму поради преголемата емисија на штетни издувни честички.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK