Доби казна за пребрзо возезње па судијата донесе неочекувана пресуда

ОБЈАВЕНО НА:

Несекојдневна вест доаѓа од Шкотска, возач е казнет за пребрзо возење, а судијата наместо парична или затворска казна донесе неочекувана и несекојдневна пресуда.

Имено 39 годишниот Фрезер Џонсон од Муселбург, Единбург, беше фатен како со својот автомобил Ford Mustang GT вози 175 км/ч во градска средина поради што му беше изречена казна, а воедно против него беше започната и судска постапка.

Истото ова лице, и претходните години беше фатен за пребрзо возење, па оттука сите очекуваа драконска казна.

Меѓутоа, како што пренесува Index.hr, покрај шестте негативни поени и казната од 420 фунти, Фрезер, како што наложи судијата во пресудата, ќе мора да го продаде автомобилот и да купи друг, далеку поспор автомобил. Судијата при тоа му наложи да купи Peugeot Partner или друг, еквивалентен според брзинските перформанси автомобил.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK