Доаѓа нова Lancia Ypsilon!

ОБЈАВЕНО НА:

Во Сарагоса, групацијата Stellantis ги прослави првите 40 години од својата фабрика таму, која ги отвори вратите во есента 1982 година и започна со производство на Opel Corsa, автомобил кој и денес се произведува во таа фабрика. По повод прославите, Stellantis го потврди појавувањето на нов автомобил за оваа производствена локација, но не кажа каков ќе биде. Сепак, се чини дека ова ќе биде новата Lancia Ypsilon.

Веќе некое време се шпекулира дека производството на новата Lancia Ypsilon би можело да и се довери на оваа фабрика, во која автомобилската групација не ја крие големата доверба за иднината. Засега нема официјални потврди, само гласини. Но, сега раководството на фабриката призна дека производството на новиот автомобил ќе започне следната година, па големи се шансите тоа да биде познатиот субкомпакт Lancia.

На крајот на краиштата, времињата се поклопуваат, ако се земе предвид дека новата Lancia Ypsilon треба да биде лансирана во Италија во првиот квартал на 2024 година, а враќањето во цела Европа – до средината на 2024 година. Автомобилот ќе биде сосема поинаков од актуелен модел. Всушност, ќе се зголеми во големина до речиси 4 метри во должина.

Автомобилот ќе ја користи и платформата CMP, а на пазарот ќе пристигне и во електрична верзија. Сепак, во гамата нема да недостасуваат бензински и хибридни верзии. Со овој автомобил, Lancia ќе се врати во Европа и ќе се обиде подеднакво да ги предизвика своите ривали во премиум сегментот на автомобилскиот пазар. Автомобилот ќе има поелегантен и помажествен дизајн и ќе биде насочен кон ривалите како Audi и Mini.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK